🎥 Зверев и Алкараз се изнамачија, но продолжуваат напред во Виена

Првиот носител Александар Зверев се пласираше во второто коло на турнирот во Виена по тешката победа од 7-5, 3-6, 7-6(11) над 67-миот светски рекет Мартин Ландалус од Шпанија

Прегледи:

Датум:

Првиот носител Александар Зверев се пласираше во второто коло на турнирот во Виена по тешката победа од 7-5, 3-6, 7-6(11) над 67-миот светски рекет Мартин Ландалус од Шпанија.

Мечот траеше три часа и пет минути. Зверев постигна осум аса, реализираше два од своите седум брејк топки и направи четири двојни грешки.

Во второто коло, Зверев ќе се соочи со победникот од мечот помеѓу Талон Грикспор и Брендон Накашима.

Карлос Алкараз се пласираше во второто коло на турнирот во Виена по одлична борба и победа над Карен Хачанов во меч кој повеќе потсетуваше на финале на турнирот отколку на првото коло. Мечот беше добиен во два сета, 6-4 и 7-6 (5).

Шпанскиот тенисер мораше да го даде својот максимум за да го скрши отпорот на својот руски ривал, кој беше на работ да го сврти натпреварот. Алкараз пропушти меч топки во вториот сет, по што Качанов ја презеде иницијативата и имаше можност да го однесе мечот во трет решавачки сет.

Сепак, Шпанецот покажа ментална сила, го врати брејкот, а потоа го доби тајбрејкот, потврдувајќи ја победата во возбудлив дуел.

„Беше неверојатно. Двајцата одигравме одлични поени и мислам дека ова беше одличен натпревар за гледање“, рече Алкараз, кој особено ја коментираше атмосферата во Виена. Тој истакна дека публиката била фантастична и дека уживал во враќањето на турнирот по пет години.

Тенисерот призна дека можел да игра потрпеливо при меч-поените, но нагласи дека останал ментално силен и продолжил да се бори до крајот.

Со овој триумф, Алкараз ја продолжи својата победничка серија против Хачанов на седум последователни натпревари. Русинот пружи силен отпор, но дури ни тоа не беше доволно за да запре еден од најдобрите тенисери на денешницата.

Седмиот носител Томи Пол исто така се пласираше во Виена откако го победи Русинот Андреј Рубљов со 7-5, 6-2. Мечот траеше 1 час и 30 минути.

Пол ќе се соочи со Италијанецот Лучијано Дардери во второто коло.

Британецот Камерон Нори го победи Аргентинецот Франциско Черундоло во два сета – 6-4, 6-1.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

ФИБА Еврокуп: Нов пораз на МЗТ Скопје

Кошаркарите на МЗТ Скопје доживеаја нов пораз во ФИБА...

📽️ Лацио постигна шест гола против Сасуоло, тимот на Гатузо привремено на врвот во Серија А

Лацио го победи Сасуоло со 6-2 во спектакуларен натпревар...

🎬 Црвена Звезда го декласираше Макаби, Барселона славеше во Минхен во тесна завршница

Кошаркарите на Црвена Звезда го победија Макаби Тел Авив...

Сколс кажа кој треба да биде следниот менаџер на Манчестер Јунајтед

Пол Сколс го повика Манчестер Јунајтед да го назначи...