Марк Маркез е на чекор од освојување на десеттата титула во МотоГП шампионатот. Возачот на Дукати триумфираше во спринт трката за Големата награда на Катар на „Лусаил“ и направи уште еден важен чекор кон нов голем успех.
Шпанецот имаше одличен старт и го престигна Марко Бецеки во првата кривина. Двајцата имаа контакт во петтиот круг, по што италијанскиот мотоциклист ја изгуби контролата врз својот мотоцикл.
A crazy #TissotSprint race ended up like this 👀
#QatarGP 🇶🇦 https://t.co/qZYxYXPkot
— MotoGP™🏁 (@MotoGP) November 7, 2026
На Маркез му се придружија Фабио ДиЏанантонио и Хорхе Мартин на подиумот. Резултатот на Мартин беше особено вреден, со оглед на тоа што само пред 14 дена тој доживеа сериозна повреда на раката и го заврши спринтот на третото место и покрај тоа што стартуваше од 11-тата позиција.
"MARTINATOR!" 🗣️🗣️🗣️🗣️🗣️🗣️
#QatarGP 🇶🇦 https://t.co/mcOhlKj5hV
— MotoGP™🏁 (@MotoGP) November 7, 2026
Спринтот беше обележан и со тежок пад на Франческо Бањаја. Двократниот светски шампион падна по контактот со Фермин Алдигер, што доведе до кревање црвени знамиња. Трката потоа продолжи, со задоцнување од околу 15 минути.
Марк Маркез сè уште има теоретски шанси да ја обезбеди титулата утре. За да се случи тоа, тој треба да победи во главната трка, додека Хорхе Мартин треба да заврши без поени.
Главната трка за Големата награда на Катар е закажана за недела во 17 часот.


