Педро Акоста со КТМ ја оствари својата прва победа во МотоГП во кариерата, откако триумфираше на Големата награда на Австрија на патеката Ред Бул Ринг.
Дваесет и две-годишниот Шпанец беше беспрекорен по вчерашната грешка во спринтот. Тој го презеде водството од деветтиот круг и не им дозволи на своите ривали да го загрозат до крајот.
PEDRO ACOSTA HAS DONE IT! 🏆#MotoGP | #AustrianGP | Live on TNT Sports and HBO Max pic.twitter.com/SKlp0RyDiC
— TNT Sports Bikes (@bikesontnt) September 20, 2026
Хорхе Мартин на Априлија заврши втор, но благодарение на тој резултат го презеде водството во генералниот пласман. Подиумот го комплетираше Марко Бецеки.
Акоста трпеливо ги следеше Мартин и Бецеки во првите кругови, а во деветтиот круг ја искористи можноста и го освои првото место. После тоа, дополнително го зголеми темпото и создаде водство од околу половина секунда.
Марк Маркез имаше неколку проблеми за време на трката. По грешка и доцно сопирање, тој падна на шестото место, но во финалето се врати на петтата позиција.
Алекс Маркез не ја заврши трката откако имаше проблеми во 13-от круг.
Зад првите тројца беа Аи Огура, Марк Маркез, Фермин Алдагер, Бред Биндер, Франческо Бањаја, Фабио ди Џанантонио и Жоан Зарко.


