Антонели: Ферари направија неверојатен чекор напред

Андреа Кими Антонели остана 0,011 секунди зад Луис Хамилтон во борбата за пол позиција пред утрешниот спринт во Силверстоун, на кој Италијанецот ќе започне од второто место.

Прегледи:

Датум:

Андреа Кими Антонели остана 0,011 секунди зад Луис Хамилтон во борбата за пол позиција пред утрешниот спринт во Силверстоун, на кој Италијанецот ќе започне од второто место.

По завршувањето на спринт квалификациите, возачот на Мерцедес го привлече вниманието на напредокот што Ферари го покажа во последните неколку круга. Според Антонели, напредокот на „црните коњи“ е „неверојатен“, но ова само повеќе го мотивира него и неговиот тим.

„Бев толку, толку блиску, штета е. Да бидам искрен, во SQ1 се чувствував доста лошо, не се чувствував добро во автомобилот, но потоа направивме мала промена на рамнотежата за SQ2 и одеднаш темпото се врати. Во SQ3 малку заостанував на табелата, но беше пристоен круг и за жал бев малку зад Луис.

Но, честитки до него, од наша страна ќе се фокусираме на утрешниот ден. Автомобилот се чувствуваше добро. Ферари направија неверојатен чекор напред, па дефинитивно ќе биде многу тешко. Луис е во одлична форма, но тоа е добро, сакаме предизвици и ќе се обидеме да ги искористиме.

Секако дека можам да се борам за победа утре. Ќе напаѓам и ќе дадам се од себе. Нема да биде лесно, но сè е можно“, рече лидерот во светскиот шампионат.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Саудиска Арабија се откажа од футуристичкиот стадион за СП 2034

Еден од најспектакуларните проекти за Светското првенство во 2034...

Скалони пред збогувањето со Меси: Репрезентацијата ќе продолжи да постои, но ништо нема да биде исто

Селекторот на Аргентина, Лионел Скалони, изјави дека побарувачката за...

Ефремовски: Ќе дадеме сè од себе да ја оправдаме довербата на нашите навивачи

„Амбициите секогаш треба да бидат највисоки. Сакаме да одиграме...

Ѓоковиќ по победата над Зверев: Тој е најдобриот тенисер во моментов, без сомнение

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ изјави дека пласманот во полуфиналето...