Двократниот светски шампион во Формула 1, Мика Хакинен, предвиде дека Макс Верстапен нема да се приклучи на Мекларен по завршувањето на оваа сезона или во блиска иднина.
Иднината на Макс во Формула 1 останува предмет на сериозни шпекулации, иако неодамнешните изјави од него и неговиот менаџмент сугерираат дека Холанѓанецот најверојатно ќе го исполни својот договор до крајот на 2028 година.
„Мекларен вложува сериозни напори за градење тимски дух, како и за намалување на сите ризици за развојот на тимот. Бидејќи постојат одлуки што можат да го уништат овој тимски дух“, објасни Хакинен во поткаст.

„Јас многу го ценам нивото на кое Ландо Норис и Оскар Пјастри настапуваат. И двајцата се исклучително талентирани возачи кои се исклучително професионални во врска со својата работа, па не мислам дека какви било емоции можат да влијаат врз нив. Кога еден тим има вакви возачи, тоа е голем плус.
Ако тим како Мекларен има двајца одлични возачи кои возат, зошто да се создаваат фактори што предизвикуваат нестабилност? На крајот на краиштата, ова е тимот што е светски шампион кај конструкторите. А актуелниот светски шампион кај возачите вози за Мекларен. Кога има хармонија во тимот, зошто да се ризикува појава на нов возач кој би можел да ја наруши таа хармонија. Дури и ако неговото име е Макс Верстапен.“, смета легандарниот Финец.


