Хонда: Нашата цел е Алонсо повторно да стане светски шампион

Главниот инженер и шеф на Хонда Рејсинг во Формула 1, Шинтаро Орихара, изјави дека ѕвездата на Астон Мартин, Фернандо Алонсо, не ја изгубил вербата во способноста на јапонскиот тим да создаде конкурентен погонски склоп за Астон Мартин, и покрај тешкиот почеток на сезоната

Прегледи:

Датум:

Главниот инженер и шеф на Хонда Рејсинг во Формула 1, Шинтаро Орихара, изјави дека ѕвездата на Астон Мартин, Фернандо Алонсо, не ја изгубил вербата во способноста на јапонскиот тим да создаде конкурентен погонски склоп за Астон Мартин, и покрај тешкиот почеток на сезоната. И тој најави дека амбицијата на Хонда е Фернандо повторно да стане светски шампион.

„Работиме со двајца возачи и за нас е голем плус што ни даваат различни повратни информации – објасни Орихара. – Фернандо има многу искуство и информациите што ги добиваме од него секогаш се многу важни. Тој има 20 сезони во Формула 1 зад себе и кога ни кажува, на пример: „Треба да ја користиме енергијата вака пред да влеземе во кривината“, мора да го слушнеме неговото мислење.

Фото: Принтскрин/Скај Спортс

„По секоја сесија дискутираме што се случило и Фернандо покажува голема мотивација и желба да го направи автомобилот на Астон Мартин побрз. Тој има многу барања од нас и ние секогаш го слушаме

Нашата цел е Алонсо повторно да ја освои светската титула, работиме одлично заедно и знаеме дека е одличен возач. Тој има огромна желба да успее и ѝ верува на Хонда. Затоа сакаме да му обезбедиме сè што му е потребно за да успее.“

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Сензација во Базел: Јан-Ленард Штруф го победи Новак Ѓоковиќ

Германецот Јан-Ленард Штруф направи едно од најголемите изненадувања во...

Маркез најбрз, Мартин 20-ти на стартот на викендот во Малезија

Светскиот шампион Марк Маркез го предводеше пласманот на крајот...

Роналдо постигна хет-трик, уште 15 до 1.000 гола

Кристијано Роналдо продолжи да се приближува кон бројката од...

Евролигата не ја затвора вратата кон НБА

Извршниот директор на Евролигата, Чус Буено, изјави дека преговорите...