Пилотот на Ферари, Шарл Леклер заврши втор во квалификациите за Големата награда на Сингапур. На пресот по квалификациите изјави дека имал шанса и за првото место пред утрешната трка.
„Мојот добар круг дојде на самиот крај, во вистинско време, но имав многу проблеми за време на квалификациите“, објасни Леклер.
„Првите два дела од сесијата беа тешки. Се случуваа некои чудни работи со сопирачките, автомобилот малку влечеше при сопирање, што не е убаво на патека како Сингапур.
Но, мојот круг во третиот дел беше добар. Направив неколку грешки. Мислам дека имав потенцијал за прво место, но Макс се справи подобро денес.“, додаде возачот од Монако.


