Леклер: Имав потенцијал за прво место, но Макс се справи подобро

Пилотот на Ферари, Шарл Леклер заврши втор во квалификациите за Големата награда на Сингапур. На пресот по квалификациите изјави дека имал шанса и за првото место пред утрешната трка.

Прегледи:

Датум:

Пилотот на Ферари, Шарл Леклер заврши втор во квалификациите за Големата награда на Сингапур. На пресот по квалификациите изјави дека имал шанса и за првото место пред утрешната трка.

„Мојот добар круг дојде на самиот крај, во вистинско време, но имав многу проблеми за време на квалификациите“, објасни Леклер.

„Првите два дела од сесијата беа тешки. Се случуваа некои чудни работи со сопирачките, автомобилот малку влечеше при сопирање, што не е убаво на патека како Сингапур.

Но, мојот круг во третиот дел беше добар. Направив неколку грешки. Мислам дека имав потенцијал за прво место, но Макс се справи подобро денес.“, додаде возачот од Монако.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Реал Мадрид и Олимпијакос заинтересирани за поранешен играч на Јута Џез

Европските гиганти Реал Мадрид и Олимпијакос внимателно ја следат...

📽️„Петарда“ на Челси против Борнмут, Хендерсон и Жоао Педро двојни стрелци

Челси беше убедлив против Борнмут на „Стемфорд Бриџ“ со...

Вориорс си ја обезбедија иднината – Подзиемски потпиша договор од 110 милиони долари

Кошаркарот на Голден Стејт Вориорс, Брендин Подзиемски, се согласи...

🎬Баерн зеде само бод во Аугсбург, натпреварот го обележа неверојатната грешка на Нојер

Аугсбург и Баерн ги поделија бодовите на WWK Арената...