Вориорс си ја обезбедија иднината – Подзиемски потпиша договор од 110 милиони долари

Прегледи:

Датум:

Кошаркарот на Голден Стејт Вориорс, Брендин Подзиемски, се согласи да го продолжи договорот со франшизата Сан Франциско. Младиот кошаркар потпиша нов петгодишен договор од 110 милиони долари, кој е целосно загарантиран.

Неговиот агент, Бил Дафи од WME Basketball ја потврди информацијата во изјава за ESPN.

Последната година од договорот, поточно сезоната 2031/32, носи заедничка опција за продолжување на соработката, а договорот вклучува и посебна финансиска клаузула во случај на замена на играч.

Подзиемски го привлече вниманието минатата сезона со одличните настапи и изборот во најдобрите пет дебитанти во НБА.

Со овој потег, раководството на Вориорс јасно покажува дека го гледа 21-годишниот кошаркар како клучен играч во играта во иднина.

Се очекува новиот договор да му даде уште позначајна улога во ротацијата на тренерот Стив Кер.

Голден Стејт на тој начин продолжува да го составува играчкиот кадар со цел да остане на самиот врв на најсилната кошаркарска лига во светот.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Леклерк: Имав потенцијал за прво место, но Макс се справи подобро

Пилотот на Ферари, Шарл Леклерк заврши втор во квалификациите...

Реал Мадрид и Олимпијакос заинтересирани за поранешен играч на Јута Џез

Европските гиганти Реал Мадрид и Олимпијакос внимателно ја следат...

📽️„Петарда“ на Челси против Борнмут, Хендерсон и Жоао Педро двојни стрелци

Челси беше убедлив против Борнмут на „Стемфорд Бриџ“ со...

🎬Баерн зеде само бод во Аугсбург, натпреварот го обележа неверојатната грешка на Нојер

Аугсбург и Баерн ги поделија бодовите на WWK Арената...