Дончиќ отворено за тешката семејна драма: „Не можам вака уште една сезона…“

НБА ѕвездата, во емотивна исповед, откри низ каков пекол поминал поради конфликтот со поранешната вереница

Прегледи:

Датум:

Во голема исповед за списанието „Sports Illustrated“, словенечката кошаркарска ѕвезда Лука Дончиќ отворено проговори за својата приватна драма и повеќемесечната разделба од ќерките што ја одбележа неговата последна сезона.

Тој призна дека тешките семејни моменти имале силно влијание врз неговиот живот и кариера и испрати порака што веднаш привлече големо внимание.

Полиција во породилиштето

Драмата започна минатиот декември кога Дончиќ пристигна во Словенија за раѓањето на неговата втора ќерка, Оливија. Додека престојуваше во Љубљана, тој ѝ предложи на својата долгогодишна партнерка и свршеница Анамарија Голтес да ја земе со себе нивната постара двегодишна ќерка Габриела во Соединетите Држави на некое време. Ова барање довело до жестока вербална расправија, а полицијата морала да интервенира во породилиштето во Крањ.

По тој инцидент, Дончиќ воопшто не ги видел своите ќерки четири месеци, сè до април.

„Тоа е она што ја направи минатата сезона толку тешка“, рече Дончиќ, опишувајќи колку тешка му била разделбата.

„Сакаш да бидеш со своите деца секој ден, а јас ги гледам моите ќерки веќе, што, четири или пет дена? Толку е невозможно“, искрено вели словенечкиот кошаркар.

Фото: Фејсбук/Анамариа Голтес

Правна битка и јасна порака

Кога го прашале дали очекува ситуацијата наскоро да се реши, Дончиќ прво застана, а потоа одговори: „Се надевам. Но, сè уште не знаеме. Затоа се надевам.“

Сепак, неговата следна реченица имаше најголемо влијание: „Не можам да го правам ова уште една сезона.“

Од „Sports Illustrated“ ова го толкуваат ова како јасен показател за тоа колку неговите моментални лични околности влијаат на неговата спортска кариера.

Лука и Анамарија се запознале во тинејџерските години, се вериле во 2023 година и имаат две деца, но нивната врска на крајот се распадна.

По разделбат, Анамарија поднела барање за алиментација во суд во Лос Анџелес, а случајот привлече огромен јавен интерес бидејќи Дончиќ ја ангажирал познатата адвокатка за развод на познати личности од Америка, Лаура Васер.

Поранешната вереница на Дончиќ на крајот доживеала дебакл на судењето и се откажала од целиот правен процес.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

📽️ Мареска за ситуацијата во Сити: Свесни сме за сè, но му веруваме на клубот

И покрај неизвесноста околу можна казна по пресудата во...

Мектомини на радарот на Реал Мадрид

Реал Мадрид е заинтересиран да го доведе Скот Мектомини,...

Неверојатна партија на Гидсел: Израмни рекорд во Лигата на шампионите

Данскиот ракометар Матијас Гидсел одигра незаборавен натпревар во победата...

Евертон повторно на продажба, Фридкин Груп размислува за излез по помалку од две години

Американската Фридкин Груп размислува за можноста за целосна продажба...