📽️„Петарда“ на Челси против Борнмут, Хендерсон и Жоао Педро двојни стрелци

Челси беше убедлив против Борнмут на „Стемфорд Бриџ“ со 5:1, во 6. коло од Премиер лигата.

Прегледи:

Датум:

Челси беше убедлив против Борнмут на „Стемфорд Бриџ“ со 5:1, во 6. коло од Премиер лигата.

По само три минути, домашниот тим водеше со головите на Хендерсон и Роџерс. Тоа беше шок од кој „црешите“ не можеа да се опорават.

Во второто полувреме, нивната мрежа се затресе уште три пати.

Жоао Педро постигна два гола, во 46. и 67. минута, а Хендерсон ја комплетираше „петардата“ со прекрасен слободен удар во 70. минута.

Честа на гостите ја спаси Еванилсон во 51. минута.

Брајтон продолжи со одлични настапи и голови на Де Кајпер и Хаџам, славејќи победа од 2:0 на гости над Сандерленд. Победата на „Галебите“ е уште позначајна со оглед на тоа што останаа со еден играч од 57. минута поради исклучувањето на Штрајк.

Астон Вила ремизираше со Бредфорд на домашен терен. Џексон и Мегин постигнаа голови за тимот на Унаи Емери, но гостите имаа подготвен одговор – Јармолук и Ајр постигнаа голови.

Арсенал се мачеше, но го победи Лидс на домашен терен со 2-1 во натпревар од Премиер лигата. Шампионот на тој начин се поправи за дебаклот против Брајтон што го доживеа пред паузата за репрезентативните натпревари, додека Лидс го доживеа првиот пораз во шампионатот.

Standings provided by Sofascore

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Леклер: Имав потенцијал за прво место, но Макс се справи подобро

Пилотот на Ферари, Шарл Леклер заврши втор во квалификациите...

Реал Мадрид и Олимпијакос заинтересирани за поранешен играч на Јута Џез

Европските гиганти Реал Мадрид и Олимпијакос внимателно ја следат...

Вориорс си ја обезбедија иднината – Подзиемски потпиша договор од 110 милиони долари

Кошаркарот на Голден Стејт Вориорс, Брендин Подзиемски, се согласи...

🎬Баерн зеде само бод во Аугсбург, натпреварот го обележа неверојатната грешка на Нојер

Аугсбург и Баерн ги поделија бодовите на WWK Арената...