Лесор МВП на четвртото коло во Евролигата

Играчот на Панатинаикос, Матијас Лесор, беше прогласен за најкорисен играч (МВП) на четвртото коло во Евролигата

Прегледи:

Датум:

Играчот на Панатинаикос, Матијас Лесор, беше прогласен за најкорисен играч (МВП) на четвртото коло во Евролигата.

Французинот ги предводеше „зелените“ до победа од 92:75 над Фенербахче. За 23 минути игра, тој постигна 19 поени, со осум скока, една асистенција, една украдена топка, една блокада, шест изнудени фаули и индекс на корисност од 30.

Ова е неговата четврта награда за МВП на колото во Евролигата во неговата кариера, а прва по враќањето на теренот по сериозна повреда, кога заработи фрактура на фибулата.

Само центарот на Олимпија Милано, Мозес Рајт, со 32 индексни поени и бекот на Басконија, Крис Дуарте, со 31 индексни поени имаа повисоки индекси на корисност од Лесор во претходното коло, но нивните тимови беа поразени.

По Рајт, Дуарте и Лесор, највисоки индекси на корисност во последното коло имаа бекот на Хапоел Тел Авив, Антонио Блејкени, со 29 индексни поени и кошаркарот на Виртус, Вендел Мур, со 28 индексни поени.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Христов: Нема да се откажеме од ниту едно дете кое има квалитет и потенцијал да игра за Македонија

Техничкиот директор на младинските национални тимови, Ѓорги Христов, на...

Седлоски веќе не е селектор на Македонија

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) денеска му се заблагодари...

НБА планира најмалку 10 милијарди евра за нови арени низ Европа

НБА објави иницијатива чија цел е да се соберат...