Европските гиганти Реал Мадрид и Олимпијакос внимателно ја следат ситуацијата околу Џон Кончар, јавуваат кошаркарските инсајдери. 30-годишниот крилен играч моментално е слободен агент откако помина седум сезони во НБА.
Минатата сезона со Јута Џез, Американецот имаше просек од 5,9 поени, 5,7 скока, 3 асистенции, 2 украдени топки и 1 блокада за 26,2 минути по натпревар.
Пред почетокот на новата сезона, Кончар се обиде да избори место во поставата на Њујорк Никс за време на предсезонскиот тренинг камп, но не дојде до трајна соработка.
Неговото заминување беше објаснето со лични причини, што ја зголемува веројатноста кошаркарот да ја продолжи кариерата на европските клупски турнири.


