Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, беше најбрз во квалификациите за Големата награда на Сингапур во Формула 1.
Тој ја освои пол-позицијата пред возачот на Ферари, Шарл Леклер, кој беше 0,054 секунди зад Верстапен. Луис Хамилтон од Ферари го освои третото место, 0,123 секунди зад победникот во квалификациите.
IT’S MAX 🤩
VERSTAPPEN TAKES POLE FOR THE SINGAPORE GRAND PRIX!!
#F1 #SingaporeGP https://t.co/3TL5LQ0QMh
— Formula 1 (@F1) October 10, 2026
Кими Антонели од Мерцедес, лидер во генералниот пласман, беше четврти, додека актуелниот шампион Ландо Норис од Мекларен ќе започне од петтото место.
Возачот на Мерцедес, Џорџ Расел, заврши шести, но ќе започне од последното место поради промена на погонската единица.
Гран При на Сингапур ќе се одржи во недела во 14:00 часот.
Антонели е лидер во генералниот пласман со 325 поени, втор е Расел со 236, а трет е Хамилтон со 221 поен.


