ТФТ ја оправдаа фаворитската улога против ГКК Штип

Вајт беше најдобар поединец во победничкиот состав со 22 поени, четири скока и пет асистенции. Во редовите на ГКК Штип, Хамилтон постигна 27 поени, на кои придодаде шест скока и четири асистенции.

Прегледи:

Датум:

Кошаркарите на ТФТ ја оправдаа фаворитската улога и го совладаа ГКК Штип со 84:70 (44:31), во првиот натпревар од четвртото коло на МТЕЛ Суперлигата.

По изедначената игра во почетниот период, ТФТ ја презеде контролата и со подобра игра во втората четвртина направи значителна разлика. На полувремето скопскиот состав имаше предност од 44:31.

Штип се обиде да се врати во натпреварот во вториот дел, но ТФТ го задржа водството и на крајот заслужено стигна до триумф од 84:70, втор за него во новата сезона.

Вајт беше најдобар поединец во победничкиот состав со 22 поени, четири скока и пет асистенции. Во редовите на ГКК Штип, Хамилтон постигна 27 поени, на кои придодаде шест скока и четири асистенции.

Програмата продолжува во недела, на 25 октомври, со три натпревари. Работнички ќе го пречека МКК Куманово, Кожув ќе игра против Тиквеш Голден Игл во Гевгелија, додека Пелистер во Битола ќе се соочи со Скопје.

Четвртото коло ќе биде комплетирано на 29 октомври, со дуелот меѓу Струмица 2001 и актуелниот шампион МЗТ Скопје Аеродром.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Арсенал го искористи подарокот на Вила и го стигна Сити на врвот во Премиер лигата

Енцо Мареска стана првиот менаџер во историјата на Премиер...

Без победник на дербито во Гостивар, три гола поништени од ВАР

Дерби натпреварот во Гостивар помеѓу ФК Шкендија и Вардар...

АБА 2: МЗТ Скопје поразен во Никшиќ

Актуелниот македонски шампион, МЗТ Скопје Аеродром загуби од Сутјеска...

НБА ѕвезда: Мојата работа не е да менувам пелени, мојата девојка го прави тоа

Ламело Бол (25), американски кошаркар и ѕвезда на Минесота...