АБА 2: МЗТ Скопје поразен во Никшиќ

Актуелниот македонски шампион, МЗТ Скопје Аеродром загуби од Сутјеска со 75:85 во првиот меч од регионалното натпреварување АБА 2

Прегледи:

Датум:

Актуелниот македонски шампион, МЗТ Скопје Аеродром загуби од Сутјеска со 75:85 (40:39) во првиот меч од регионалното натпреварување АБА 2.

„Металците“ имаа слаб почеток и по првата четвртина губеа со 11:16, но во продолжението ја подигнаа играта и направија целосен пресврт. На паузата македонскиот претставник имаше минимална предност од 40:39, најавувајќи неизвесна борба до самиот крај.

Рамноправната игра продолжи и во второто полувреме, но во решавачката четвртина Сутјеска беше поуспешна, го искористи притисокот врз гостите и стигна до победа од десет поени разлика.

Ноа Фарахан беше најефикасен во составот на МЗТ Скопје со 18 поени, додека кај победничката екипа се истакна Митровиќ со 22 поени.

За МЗТ Скопје следува дуелот со АЕК Лимасол во ФИБА Европа Купот во вторник, а два дена подоцна и натпреварот против Струмица 2001 во рамките на МТЕЛ Суперлигата.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Арсенал го искористи подарокот на Вила и го стигна Сити на врвот во Премиер лигата

Енцо Мареска стана првиот менаџер во историјата на Премиер...

Без победник на дербито во Гостивар, три гола поништени од ВАР

Дерби натпреварот во Гостивар помеѓу ФК Шкендија и Вардар...

ТФТ ја оправдаа фаворитската улога против ГКК Штип

Кошаркарите на ТФТ ја оправдаа фаворитската улога и го...

НБА ѕвезда: Мојата работа не е да менувам пелени, мојата девојка го прави тоа

Ламело Бол (25), американски кошаркар и ѕвезда на Минесота...