Тимот на Мерцедес не ја пропушти можноста да се пошегува со Ким Кардашијан, која го украде пешкирот на Андреа Кими Антонели откако Италијанецот ја освои Големата награда на Монако минатата недела.
Девојката на Луис Хамилтон беше фатена како го зема пешкирот што беше наменет за возачот на Мерцедес по финалето на трката во Кнежевството за да го избрише челото, а потоа не го врати. Ова веднаш предизвика реакции на интернет, а Мерцедес не ја пропушти можноста да се пошегува за тоа што се случи.
Kim Kardashian taking the towel meant for Kimi Antonelli after the race in Monaco and wiping her head with it pic.twitter.com/WLB12AiXZA
— F1 TROLL (@f1trollofficial) June 8, 2026
Вчера, на Инстаграм профилот на „Сребрените стрели“ беше објавено видео со прашањето „дали некој го видел пешкирот на Антонели“, на кое се гледа како Италијанецот го бара својот пешкир.
Администраторот на сметката дури го прашува Џорџ Расел дали го видел пешкирот на својот тимски колега, на што Британецот почнува да гледа збунето, по што се гледа како Антонели ги мие рацете, но нема пешкир со кој ќе ги избрише.


