Атанасов и МЗТ ја раскинаа соработката

МЗТ Скопје Аеродром соопшти дека клубот и досегашниот шеф на стручниот штаб, Васко Атанасов, спогодбено ја прекинаa меѓусебната соработка

Прегледи:

Датум:

МЗТ Скопје Аеродром соопшти дека клубот и досегашниот шеф на стручниот штаб, Васко Атанасов, спогодбено ја прекинаa меѓусебната соработка.

Атанасов ја презеде тренерската палка во 2023 година влегувајќи во историјата на македонската кошарка како најмладиот стратег кој стигнал до шампионски трофеј.

Тој четири пати беше шампион на Македонија (2023, 2024, 2025, 2026), три пати го освои Купот на Македонија (2024, 2025, 2026), а исто толку пати и Суперкупот (2023, 2024, 2025)

„Управата на клубот му изразува огромна благодарност на Васко за неговиот беспрекорен труд, посветеност и за професионализмот што го покажа водејќи го нашиот тим. Му посакуваме многу здравје и уште поголеми успеси во неговата понатамошна тренерска кариера!“, соопштија од клубот.

Името на новиот прв тренер ќе биде соопштено во текот на наредните денови. Дотогаш, со екипата ќе работат досегашните помошници на Атанасов – Дејан Србиновски и Тино Даневски.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Величествениот „Хасан II“ се гради со полна брзина, расте притисокот да биде место каде ќе се оддржи следното финале на СП

Фузи Лекџа, претседател на Мароканската фудбалска федерација, изјави дека...

Новата ѕвезда на Јунајтед откри што се случува во соблекувалната: Што мислат играчите за Карик?

Манчестер Јунајтед поминува низ уште една голема криза. Тимот...

„Не сте имале никој како мене во последните 70 години“, вели Хамилтон пред трката во Мексико

Луис Хамилтон (41), седумкратниот светски шампион во Формула 1,...