Најдобрата тенисерка на светот, Арина Сабаленка, му рече „да“ на своето момче, Џорџ Франгулис!
Бразилскиот бизнисмен со грчко потекло, со кого Сабаленка е во врска речиси две години, ја изненади својата избраничка пред турнирот во Индијан Велс, каде што Сабаленка ќе биде прва носителка.
Арина Сабаленка очигледно не го очекуваше ова, па на романтична вечера, каде што имаше еден куп свеќи покрај базенот, Франгулис клекна пред неа и ја запроси.
Таа рече „да“ и заплака од среќа, по што двојката размени бакнежи и прегратки, а Сабаленка покажа прстен со огромен дијамант.
– Ти и јас засекогаш – напиша Сабаленка, заедно со датумот на нејзиното запросување и емотикон за прстен.


