🎥 Јапонците „тврд орев“: Бразил со гол во 90+5 до осминафиналето на Светското првенство

Петкратниот светски шампион Бразил е втората репрезентација што се пласираше во осминафиналето на Светското првенство во 2026 година

Прегледи:

Датум:

Петкратниот светски шампион Бразил е втората репрезентација што се пласираше во осминафиналето на Светското првенство во 2026 година.

Јужноамериканците мораа да направат целосен пресврт за да ја елиминираат Јапонија по победата од 2-1 во нивниот натпревар од шеснаесетфиналето во Хјустон.

„Сините самураи“ изненадувачки поведоа преку Каишу Сано (29-та минута), но Касемиро (56-та минута) израмни, а во продолжението, резервистот Габриел Мартинели (90+5-та минута) го постигна победничкиот гол.

Не им беше лесно на Јапонците по толку шокантниот крај и елиминацијата буквално во последните минути од натпреварот против големиот фаворит, па затоа беше тешко да се утешат по крајот.

И некои бразилски фудбалери се обидоа да ги развеселат очајните „самураи“.

Повеќето од нив молчеливо седеа на тревата со насолзени очи по изгубената фудбалска битка.

„Селесао“ сега ќе се соочи со победникот од натпреварот во вторник вечерта помеѓу Брегот на Слоновата Коска и Норвешка.

Ова беше воедно и втор натпревар од нокаут фазата, по дуелот меѓу Канада и Јужна Африка и триумфот на коорганизаторите на натпреварувањето со гол во судиското продолжение.

Германија и Парагвај се среќаваат во 22:30 часот, додека денешната програма ќе се затвори со Холандија и Мароко, кои играат во три часот по полноќ.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Официјално: Италијански репрезентативец е нов голман на Јувентус

Јувентус официјално го објави потпишувањето на договорот со голманот...

Вардар го совлада Олимпијакос на турнирот „Крсте Андоновски“

Македонскиот шампион Вардар со победа од 39:27 (21:11) над...

Може ли Луис Хамилтон да стане светски шампион?

Луис Хамилтон има најдобра шанса од 2021 година да...