🎥 Мароко ја „згази“ Канада по паузата и се пласираше во четвртфиналето на СП

Мароко стана првиот четвртфиналист на Светското првенство во САД, Мексико и Канада. Африканската репрезентација победи со 3:0 против еден од ко-домаќините - Канада и со тоа „јаворовите лисја“ станаа првите од трите земји домаќини што го напуштија турнирот

Прегледи:

Датум:

Мароко стана првиот четвртфиналист на Светското првенство во САД, Мексико и Канада. Африканската репрезентација победи со 3:0 против еден од ко-домаќините – Канада и со тоа „јаворовите лисја“ станаа првите од трите земји домаќини што го напуштија турнирот.

Трите гола паднаа во второто полувреме, а два постигна Азедин Унахи (50’, 82’). Третиот падна во последната минута од дополнителното време на натпреварот, а го постигна Софијан Рахим (99’).

За „Лавовите“ ова ќе биде второ Светско првенство по ред на кое тие стигнуваат до четвртфиналната фаза. Канадската репрезентација го започна натпреварот подобро и практично ја држеше иницијативата сè до првиот гол, кој се чинеше дека го сврти текот на играта, а вториот гол едноставно стави крај на спорот.

Мароко ќе се соочи со победникот од натпреварот Парагвај-Франција, кој ќе се игра подоцна вечерва.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Ефремовски: Ќе дадеме сè од себе да ја оправдаме довербата на нашите навивачи

„Амбициите секогаш треба да бидат највисоки. Сакаме да одиграме...

Ѓоковиќ по победата над Зверев: Тој е најдобриот тенисер во моментов, без сомнение

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ изјави дека пласманот во полуфиналето...

Зидан: Му симнувам капа на Роналдо за сè што направи во кариерата

Селекторот на Франција, Зинедин Зидан, застана во одбрана на...