📽️ Анри до Роналдо: „Тимот мора да постигне гол, а не ти“

Ремито на Португалија со ДР Конго отвори долгогодишна дилема за Португалците - со или без Роналдо во поставата?

Прегледи:

Датум:

Ремито на Португалија со ДР Конго отвори долгогодишна дилема за Португалците – со или без Роналдо во поставата?

Кристијано, официјално најстариот играч што започнал во историјата на Светските првенства, не му помогна на својот тим да ја надмине првата пречка на Светското првенство, благо речено. Можеше да направи повеќе, ако перформансите на теренот се единствениот критериум.

Роналдо беше речиси бескорисен против Конго. Со физички беспрекорен противник, речиси никогаш не се најде во позиција директно да го загрози голот. Единствениот пат кога можеше директно да придонесе, неговото его се испречи. Во ситуација што „мирисаше“ на гол, наместо да му ја додаде топката на Бруно Фернандеш, тој сакаше самиот да ја заврши акцијата – и промаши.

Тоа беше идеална позиција за Бруно, не за Роналдо, но е голем проблем за еден тим ако имате играч кој повеќе се грижи за „дебелењето“ на својот рекорд на Светското првенство отколку за резултатите на тимот.

X/Принтскрин/Fox TV

Ситуацијата во која Роналдо му ја одзеде шансата за гол, беше анализирана од Тиери Анри по натпреварот со една важна изјава:

„Едно нешто е важно… Луѓе дома, обрнете внимание: тимот мора да постигне гол, а не вие. Ќе објаснам сега… Бидејќи тој сака да постигне гол, тој оди по таа топка. Видовте двајца играчи во подобра позиција… Тоа е суштината. Тимот мора да постигне гол, а не вие. Ја видовте реакцијата на Бруно Фернандеш, како да сакаше да му каже: „Трчај, отвори простор, за да можам да ја ставам топката во мрежата“, ја објасни Анри ситуацијата во која Португалија пропушти одлична шанса – поради себичноста на Роналдо.

И додека добар дел од фудбалската јавност го гледа Роналдо како проблем на Португалија, тренерот Мартинез не сака да ја бара причината за неуспехот во еден играч.

„По првиот гол, не стигнавме до последната третина на нивото што ни беше потребно за да му пружиме услуга на напаѓачот (Роналдо) и да го искористиме неговото движење. Значи, постојат аспекти што треба да ги подобриме. Станува збор за подобро користење на сите играчи на теренот. Напаѓачот мора да остане блиску до голот, но ние мора да најдеме простор и да ја внесеме топката во тие позиции“, рече Мартинез.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

ФИФА негира дека Инфантино му ветил на Мароко дека ќе биде домаќин на Светското првенство во 2030 година

Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) ги негираше тврдењата дека нејзиниот...

КФМ: Еден клуб не ги исполни условите за елитната лига

Кошаркарската федерација на Македонија соопшти по завршувањето на постапката...

🎥📸 Секулиќ промовиран во Барса: „Ќе биде потребно време, но имаме талент и квалитет“

Александар Секулиќ официјално го започна своето патување во Барселона....

Реал му даде нова понуда на Винисиус, но можеби и таа нема да биде доволна

Раководството на Реал Мадрид денес му даде нова понуда...