Селекторот на Португалија ја брани својата одлука за Роналдо: Нема смисла да се менува најдобриот стрелец кога ви требаат голови!

Роберто Мартинез потсети дека и Аргентинците и Шпанците имале лоши стартови, а подоцна го освоија Светското првенство

Прегледи:

Датум:

Нa никој не му беше јасно што точно правеше Кристијано Роналдо на теренот против Конго. Се очекуваше да го продолжи своето соперништво со Лионел Меси и да постигнува голови, но видовме бледа игра од фудбалската суперѕвезда, а сите веруваат дека Португалија не победи токму поради тоа.

Селекторот Роберто Мартинез ја објасни својата одлука да не го менува Роналдо, и покрај неговиот разочарувачки почеток на Светското првенство.

„Нема смисла да се менува најдобриот стрелец во историјата на светскиот фудбал во натпревар каде што ви требаат голови“, рече Мартинез, кој го спореди лошиот почеток на својот тим со Светското првенство во 2010 година и оној на Аргентина во Катар.

„Светското првенство е турнир каде што се случуваат вакви работи. Аргентина загуби од Саудиска Арабија, а потоа го освои Светското првенство. Шпанија загуби од Швајцарија во 2010 година, а потоа стана и светски шампион. Ова не беа натпревари што укажуваа на идни шампиони, туку беа дел од процесот. На крајот на краиштата, зборуваме за првиот натпревар од Светското првенство“.

Мартинез додаде дека го постигнале првиот гол на време, но емоциите што следеле негативно влијаеле на играта.

„Престанавме да ризикуваме, да бараме простор и да стигнеме до последната третина од теренот. Повеќе беше прашање на емоции отколку на тактика или техника. Овие работи се случуваат и се дел од Светското првенство. Сега ќе анализираме сè и ќе се обидеме да бидеме подобри во вториот натпревар.“

Португалија, актуелниот победник на Лигата на нации, следниот пат ќе игра против Узбекистан, кој беше поразен со 3-1 од Колумбија во првото коло од турнирот.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Познати противниците на македонските тимови во ЕХФ Европскиот куп

Бранителот на трофејот во ЕХФ Европскиот куп, македонскиот тим...

📸Камила Џорџи стана мајка, го откри необичното име за синот

Поранешната италијанска тенисерка Камила Џорџи стана мајка и ја...

Баерн подготвува сензационална понуда и ги руши сите рекорди

Поранешниот играч на РБ Лајпциг, а денес столбот на...