Јамал: Не прикажуваме убав фудбал, но никој не играше против нас како рамноправни

Шпанскиот крилен играч Ламин Јамал ги сподели своите мисли за победата од 2-1 над Белгија во четвртфиналето на Светското првенство. Следните противници на тимот на Луис де ла Фуенте е Франција

Прегледи:

Датум:

Шпанскиот крилен играч Ламин Јамал ги сподели своите мисли за победата од 2-1 над Белгија во четвртфиналето на Светското првенство. Следните противници на тимот на Луис де ла Фуенте е Франција.

„Многу сме среќни што повторно сме во полуфиналето. Сакаме да стигнеме до самиот крај. Среќни сме со оваа победа и пласманот во следната фаза“, рече Јамал.

„Мислам дека бевме многу посилни од нашиот противник. Да, примениот гол остави чудно чувство бидејќи дојде во време кога целосно ја контролиравме играта. Но, тоа е фудбалот. Можеби изгледа како да не прикажуваме некој особено убав фудбал, но реалноста е дека ниту еден тим не можеше да игра против нас како рамноправни“, додаде тој.

„Мислам дека ако некој треба да се плаши, тоа е Франција – од нас. Ние бевме тие што ги елиминиравме во Лигата на нации минатата година. Секако, се среќаваат две одлични екипи, две екипи од светска класа. Според мене, ова се двете најсилни репрезентации во светот. Ќе видиме што ќе се случи, но ние немаме страв“, заклучи Јамал.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Мурињо испрати јасна порака до ѕвездите на Реал Мадрид: Само грбот на клубот е недопирлив

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, јасно стави до...

Хапоел има огромен буџет: Дури 70 милиони евра по сезона

Сопственикот на Хапоел Тел Авив, Офер Јанаи, откри дека...

📸 Најавена целосна реконструкција на спортската сала „Македонија“ во Прилеп

Спортската сала „Македонија“ во Прилеп ќе добие целосна реконструкција....

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...