Линекер: Ова е најлошата Германија што некогаш сум ја видел

За поранешниот најдобар стрелец на Светското првенство во 1986 година, Гари Линекер, оваа германска репрезентација е најлошата што некогаш ја видел

Прегледи:

Датум:

За поранешниот најдобар стрелец на Светското првенство во 1986 година, Гари Линекер, оваа германска репрезентација е најлошата што некогаш ја видел.

Во разговор за францускиот „Л’Екип“, Линекер нема сомнение дека Франција ќе биде подобра од Германија ако се сретнат во осминафиналето на Светското првенство.

Германија се квалификуваше за шеснаесетфиналето на Светското првенство од првото место во групата. Ги победија Брегот на Слоновата Коска и Курасао и загубија од Еквадор.

Германскиот интернационалец Каи Хаверц одговори дека не ја прочитал изјавата на Линкер, но дека не го интересира.

– Секој има право на свое мислење. Јас дури и не ја прочитав таа изјава додека не ми кажавте. За време на турнири како овој, многу луѓе зборуваат за нас, но ние навистина не обрнуваме внимание. Имаме и многу експерти во нашата земја – рече Хаверц.

Германија игра вечерва против Парагвај.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Бруно ја одби првата понуда на Манчестер Јунајтед за нов договор

Манчестер Јунајтед сака да го продолжи договорот на играчот...

Тимот на Топурија откри кога се очекува неговото враќање

Поранешниот шампион на UFC во две категории, Иља Топурија,...

Симеоне го отпиша Алварез за првиот натпревар на Атлетико од новата сезона

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, потврди дека напаѓачот...

Официјално: Фулкруг се врати во Вердер Бремен

Вердер Бремен официјално го објави потпишувањето на договорот со...