🎥 Донарума во елемент: Падна на колена и го молеше судијата да го поништи голот на Евертон

Фудбалерите на Манчестер Сити синоќа ремизираа 3:3 против Евертон во 35-то коло од англиската Премиер лига. Со освоениот бод, односно губењето на два, „граѓаните“ останаа -5 зад водечкиот Арсенал, со натпревар помалку и според признанието на самиот тренер Пеп Гвардиола, сега нивната судбина повеќе не е во нивни раце

Прегледи:

Датум:

Фудбалерите на Манчестер Сити синоќа ремизираа 3:3 против Евертон во 35-то коло од англиската Премиер лига. Со освоениот бод, односно губењето на два, „граѓаните“ останаа -5 зад водечкиот Арсенал, со натпревар помалку и според признанието на самиот тренер Пеп Гвардиола, сега нивната судбина повеќе не е во нивни раце.

Покрај голот, синоќа видовме и интересна ситуација. Имено, во вториот гол на Евертон, голманот на Сити, Џанлуиџи Донарума, ја имаше главната улога.

Имено, по голот на Џејк О’Брајан за 2:1, италијанскиот голман беше убеден дека е направен прекршок врз него. Во неверица, тој падна на колена и практично го молеше главниот судија Мајкл Оливер да го поништи голот.

Сепак, судијата не ја промени својата одлука, а голот беше признат, што дополнително ги зголеми тензиите на теренот.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Мурињо испрати јасна порака до ѕвездите на Реал Мадрид: Само грбот на клубот е недопирлив

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, јасно стави до...

Хапоел има огромен буџет: Дури 70 милиони евра по сезона

Сопственикот на Хапоел Тел Авив, Офер Јанаи, откри дека...

📸 Најавена целосна реконструкција на спортската сала „Македонија“ во Прилеп

Спортската сала „Македонија“ во Прилеп ќе добие целосна реконструкција....

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...