🎥Медиумите во Италија: Катастрофа! Целосен неуспех!

Медиумите во Италија го дочекаа доста тешко поразот од Босна и Херцеговина по изведувањето на пенали, кој ги уништи надежите на „азурите“ да учествуваат на Светското првенство во лето

Прегледи:

Датум:

Медиумите во Италија го дочекаа доста тешко поразот од Босна и Херцеговина по изведувањето на пенали, кој ги уништи надежите на „азурите“ да учествуваат на Светското првенство во лето.

Ова значи дека тимот го пропушта третото Светско првенство по ред и сите во земјата се во апсолутен шок.

„Италијанска катастрофа. Босна е на Светското првенство, Аѕурите загубија со тресок, целосен неуспех. Сите надвор“, пишува „Тутоспорт“.

„Нов неуспех: пеналите ги осуди на пропаст Азурите. Босна на Џеко продолжува на Светското првенство“, додава „Кориере дело Спорт“.

„Уште еден историски пораз: Босна нè елиминира на пенали, трето Светско првенство по ред без Азурите“, додава „Газета дело Спорт“.

„Италијански кошмар: Босна нè елиминира на пенали. Азурите го пропуштаат Светското првенство по трет пат по ред“, е насловот на „Ла Стампа“.

„Италијански неуспех и успех на пенали против Босна и Херцеговина. „Азурите“ го пропуштаат Светското првенство трет пат по ред“, додава „Ла Република“.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Нов дебакл на ПСЖ: Ова не им се случило повеќе од 20 години

Фудбалерите на Монако направија голем пресврт во дербито од...

Модриќ ќе продолжи да игра за Хрватска

Капитенот на хрватската фудбалска репрезентација, Лука Модриќ, ќе биде...

Хамилтон загрижен пред Монца: Ферари сè уште губи многу на правците

Луис Хамилтон верува дека Ферари направил чекор напред со...

КК Маџари се ребрендира во КК СКОПЈЕ

КК Маџари го промени името во КК СКОПЈЕ, соопштија...