🎥Роналдо го постигна 970-тиот гол во кариерата, Ал-Наср блиску до шампионската титула

Ал-Наср го победи Ал-Ахли со 2-0 дома во дербито од 30-тото коло од Саудиската Премиер лига, со што направи голем чекор кон освојувањето на шампионската титула.

Прегледи:

Датум:

Ал-Наср го победи Ал-Ахли со 2-0 дома во дербито од 30-тото коло од Саудиската Премиер лига, со што направи голем чекор кон освојувањето на шампионската титула.

Рефлекторите повторно беа насочени кон Кристијано Роналдо, кој повторно го запиша своето име меѓу стрелците.

Португалецот постигна гол во 76-тата минута по корнерот изведен од Жоао Феликс, додека Кингсли Коман го зголеми резултатот на 2-0 со фантастичен гол на самиот крај, во 90-тата минута од натпреварот.

Ова беше 970-тиот гол во кариерата за Роналдо, што го доближи уште повеќе до неверојатната бројка од 1.000 голови.

До четири кола до крајот, Ал Наср е на врвот на табелата, осум бода пред Ал Хилал, кој има натпревар помалку. Ал Ахли моментално е на третото место, 13 бода зад водечките.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

📽️ Детроит направи голем пресврт и го победи Бостон на стартот на НБА лигата

Детроит ја отвори новата сезона во НБА лигата на...

Јалчин е нов селектор на Турција

Серген Јалчин е нов селектор на турската фудбалска репрезентација,...

Фабрегас ги отфрли шпекулациите за нов тренер на Манчестер Јунајтед

Тренерот Сеск Фабрегас не сакаше да зборува за можноста...

🎥 Спектакл со шест гола во Париз: ПСЖ ја победи Барселона во неверојатен финиш

ПСЖ ја победи Барселона со 4-2 во дербито од...