🎥 Колумбија покажа класа и го победи дебитантот Узбекистан

Колумбија го започна своето учество на Светското првенство со очекувана победа. Екипата на Нестор Лоренцо победи со 3:1 над дебитантот Узбекистан, иако трите бода не дојдоа лесно

Прегледи:

Датум:

Колумбија го започна своето учество на Светското првенство со очекувана победа. Екипата на Нестор Лоренцо победи со 3:1 над дебитантот Узбекистан, иако трите бода не дојдоа лесно.

Даниел Муњоз отвори за Колумбијците во 41-та минута, но во 60-тата минута, Абосбек Фајзулаев го постигна првиот гол за Узбекистан на завршниците на Светските првенства. Малку подоцна, Луис Дијаз го врати водството за „лос кафетерос“, а сè заврши во продолжението со гол на резервистот Хаминтон Кампос.

Во второто коло од групната фаза, Колумбија ќе се соочи со ДР Конго, а Узбекистан ќе има тешка задача да се спротивстави на Португалија.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Порзингис се пензионира на 31 година: Телото не реагираше како што очекував

Латвискиот кошаркар Кристапс Порзингис го објави своето пензионирање од...

Дончиќ израмни рекорд на Чемберлен

Брилијантниот Лука Дончиќ постигна 53 поени и постигна клучен...

Манчестер Јунајтед ќе биде без Балеба неколку недели

Играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Карлос Балеба,...