🎬 Ирански играч го воодушеви светот: Изведе аут со салто, топката леташе 45,6 метри

Иранскиот фудбалер Надер Мохамади (29) повторно привлече внимание со необично изведување на аут

Прегледи:

Датум:

Иранскиот фудбалер Надер Мохамади (29) повторно привлече внимание со необично изведување на аут. За време на натпревар во руската Прва лига против Уфа, дефанзивецот на Спартак Кострома направи салто и ја испрати топката 45,6 метри.

Според податоците од руската аналитичка платформа РУСТАТ, ова е најдолгиот измерен аут меѓу фудбалерите во руската Премиер лига и Првата лига откако оваа аналитичка платформа ја води оваа статистика.

РУСТАТ измери дека Мохамади ја испратил топката на растојание од 45,6 метри. Вкупната должина на нејзиниот пат низ воздухот била 51,6 метри, додека на највисоката точка се искачила на 10,8 метри.

Мохамади не ја користел класичната техника на аут. Тој се потпре на топката додека трчаше, изведе салто напред, или „фрлање со превртување“, со кое ја фрли топката длабоко во противничкиот шеснаесетник.

Колку и да изгледа чудно, овој начин на изведување аут е дозволен според фудбалските правила.

Мохамади привлече големо внимание со оваа техника и осум дена претходно.

За Мохамади, тоа не бил само потег за да се обиде да го привлече вниманието на публиката. Тој објасни дека го вежбал ова аут со години.

„Во детството се занимавав со гимнастика. Во фудбалот вежбав салто од мал“, рече Иранецот.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Репрезентација без гол, без идеја и без одговори: Седлоски, до кога ќе трае оваа агонија?

Седум натпревари без гол. Седум порази на повидок. И...

Нов пораз за Македонија во Лигата на нациите, седми натпревар по ред без постигнат гол

Шкотска победи со 2:0 против Македонија како гостин во...

Билиќ по дебаклот: Жал ми е за навивачите и децата што беа на натпреварот

Селекторот на фудбалската репрезентација на Хрватска, Славен Билиќ, по...

Вардар убедлив против Охрид во дербито на колото

Вардар ги најави своите шампионски амбиции со убедлива победа...