📽️ Над 70.000 луѓе го пречекаа Папата на Бернабеу, Перез му ги покажа трофеите на Реал Мадрид

За време на посетата на Шпанија, Папата Лав XIV не пропушти да го посети стадионот на Реал Мадрид, каде што беше пречекан од над 70.000 луѓе. Така, по втор пат во историјата, Бернабеу пречека католички поглавар по Јован Павле II во 1982 година

Прегледи:

Датум:

За време на посетата на Шпанија, Папата Лав XIV не пропушти да го посети стадионот на Реал Мадрид, каде што беше пречекан од над 70.000 луѓе. Така, по втор пат во историјата, Бернабеу пречека католички поглавар по Јован Павле II во 1982 година.

Откако доби овации, Папата им се обрати на собраните луѓе: „Претпоставувам дека за фудбалер, постигнувањето гол на овој стадион е момент што му го менува животот, но денес мадридската црква постигна гол за вечноста“.

Пред тоа, Папата Лав XIV беше лично пречекан од претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, кој му го покажа клупскиот музеј со бројните трофеи на „лос Бланкос“, а конечно му подари на Американецот реплика од стадионот, како и дрес на тимот со број 1 и неговото световно име – Роберт Ф. Превост. За возврат, Папата му подари на домаќинот посебен медал.

Како што е познато, по пристигнувањето во шпанската престолнина, католичкиот поглавар ја призна својата пристрасност кон Реал Мадрид.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Нојер ги продолжува тренинзите со Германија

Голманот Мануел Нојер конечно се врати во тренинг кампот...

Вајт очекува гледаност на ниво на Супербоул за UFC Freedom 250

Со UFC Freedom 250 на помалку од една недела,...

Барселона бара тренер за ерата по Флик

Ханси Флик има договор со Барселона до 2028 година,...

Реал Мадрид нема пари за Лајлс, целта е враќање во НБА

Треј Лајлс нема да остане во Реал Мадрид. Крилниот...