Атлетико го исмеa Реал за понудата од 150 милиони евра за Алварез

Откако ја отфрли официјалната понуда на Реал Мадрид од 150 милиони евра за Хулијан Алварез, фудбалскиот клуб Атлетико Мадрид се огласи на социјалните мрежи за иронично да ги „исправи“ тврдењата на својот градски ривал

Прегледи:

Датум:

Откако ја отфрли официјалната понуда на Реал Мадрид од 150 милиони евра за Хулијан Алварез, фудбалскиот клуб Атлетико Мадрид се огласи на социјалните мрежи за иронично да ги „исправи“ тврдењата на својот градски ривал.

„Јорганџиите“ категорично ја отфрлија понудата и ги упатија соседите на откупната клаузула на аргентинскиот напаѓач од половина милијарда евра.

Управата на Атлетико потоа објави текст насловен како „Појаснувања во врска со официјалната изјава од нашите соседи“, во кој директно го исмеа Реал.

Меѓу другото, тие наведоа дека Реал изоставил дел од видеото за Папата во кое тој нагласува дека го поддржува Атлетико, и дека соседите ја помешале учтивоста со благодарноста кога рекле дека Атлетико „им се заблагодарил за понудата“.

Клубот категорично изјави дека дури и не ги разгледал понудите за Алварез, со забелешката: „Како можеме да не се согласуваме, кога нè смеете повеќе од Барселона?“

Хулијан Алварез (26) пристигна во Атлетико во летото 2024 година од Манчестер Сити во трансфер вреден 75 милиони евра, и оттогаш е клучна фигура во тимот на Диего Симеоне.

Аргентинецот досега одигра 106 натпревари, постигнувајќи 49 гола и 17 асистенции, додека само во претходната сезона постигна 20 гола и запиша 9 асистенции на 49 натпревари. Неговиот договор со „црвено-белите“ го врзува до летото 2030 година.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

🎥Серија А: Милан им приреди шок на навивачите, Интер славеше со автоголови

Болоња го победи Милан на Сан Сиро со 4-2...

🎬Сити го елиминира Брајтон по пенали и го продолжи патот кон одбрана на трофејот во Лига Купот

Актуелниот шампион Манчестер Сити се пласираше во четвртфиналето на...

📽️ Евролига: АСВЕЛ по пресврт до победа против Партизан, Жалгирис славеше во Болоња

Партизан загуби од АСВЕЛ во осмото коло од Евролигата...

Роналдо ја освои наградата „Златна топка на сите времиња“

Два дена по блескавата церемонија за доделување на „Златната...