Алонсо: Ја знам енергијата што ја има „Стемфорд Бриџ“, Премиер лигата е најконкурентната средина во светот

Новиот менаџер на Челзи, Чаби Алонсо, зборуваше за веб-страницата на својот нов тим во своето прво интервју откако го презеде кормилото на „сините“ од Лондон ова лето.

Прегледи:

Датум:

Новиот менаџер на Челзи, Чаби Алонсо, зборуваше за веб-страницата на својот нов тим во своето прво интервју откако го презеде кормилото на „сините“ од Лондон ова лето.

„Се чувствувам одлично, но голема чест е да бидам дел од овој голем клуб, еден од најдобрите во светот, со голем успех во последните децении, и голема привилегија е да бидам дел од него. И сега со нетрпение го очекуваме предизвикот. Имаме предизвици, добри предизвици пред нас, но тоа е убавината на моментот. Идејата е да ја споделиме вербата дека добри работи ќе ни се случат ако се здружиме и ја создадеме таа сила – енергијата мора да доаѓа од нас. Заедно можеме да постигнеме големи работи во годините што доаѓаат“, рече Шпанецот.

Потоа Чаби сподели што го убедило да ја прифати понудата на Челзи: „Начинот на кој играа не толку одамна, натпреварувајќи се на највисоко ниво, ми даде доверба дека потенцијалот на тимот е тука благодарение на квалитетот на играчите, благодарение на начинот на кој играат, па сега ќе треба да се работи за да се продолжат многу од работите што ги направија и да се знае дека достигнавме многу конкурентно ниво.

Можноста да дојдам во овој клуб беше вистинската. Потенцијалот на тимот и составот ме направи многу возбуден. Прекрасно е да се најде состав со кој ќе се работи, да се создаде фудбалски концепт, да се донесе возбуда на стадионот и да се воспостави врска со навивачите. Ја знам енергијата што ја има „Стемфорд Бриџ“.

Што се однесува до принципите во фудбалот за кои не прави компромис, новиот менаџер на Челси вели: „Мора да имате страст за она што го правите. Во фудбалот мора да бидете спремни да ја платите цената за да се натпреварувате на највисоко ниво. Не можете ништо да задржите. Давате сè за тимот – а тимот е секогаш најважен. Исто така, мора да имате добра човечка врска со играчите. Тие мора да се чувствуваат добро – а кога се чувствуваат добро, обично играат добро.

Мораме да создадеме култура и менталитет за да победуваме. Тоа е процес и тој процес се случува секој ден тука во Кобам (клупската база на тимот – н.з.).“

„По моите искуства во Германија и Шпанија, секогаш бев возбуден да ја пробам Премиер лигата. Дојде во вистинско време, во вистинскиот клуб и со вистинска можност. Тоа е најконкурентната средина во светот. Тоа е она што ме возбудува – предизвикот и шансата да докажеме дека можеме да правиме големи работи. Сакаме да создадеме солидна основа и да станеме конкурентни што е можно поскоро“, заклучи Чаби.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Атлетико прифатил понуда од Арсенал за својата аргентинска ѕвезда?

Хулијан Алварез се најде во центарот на трансфер сагата...

Џошуа планира да остане во рингот уште 3 години

Ентони Џошуа, 36, би можел да биде во рингот...

Семејството Митал ја поддржува понудата за Ливерпул што може да доведе до голема промена

Инвестициска група предводена од Амит Батија (зет на челичниот...

Блатер повторно го нападна Инфантино: Да го вратиме фудбалот на ново водство

Поранешниот претседател на ФИФА, Сеп Блатер, го повтори својот...