Анчелоти ја отпиша Босна: Италија ќе има лесна група на Светското првенство

„Им давам 95 проценти шанси да се квалификуваат за Светското првенство“, рече легендарниот стручњак

Прегледи:

Датум:

Босна и Херцеговина е на нозе пред утрешниот судир со Италија во баражот за Светското првенство. Ќе се игра во Зеница, а тоа автоматски ги зголемува шансите на „Змејовите“ да се пласираат понатаму, да одат на Светското првенство.

Притисокот е врз „азурите“, кои не играа на последните две Светски првенства. Но, Карло Анчелоти, легендарниот тренер, сега селектор на Бразил, нема сомнение дека Италија ќе се пласира понатаму и ќе се натпреварува на Светското првенство.

„Му посакувам на Гатузо се најдобро и се надевам дека ќе се видиме на Светското првенство. Сто проценти сум сигурен дека ќе помине понатаму. Или, да кажам 95 проценти, а судбината нека одлучи за останатото“, нагласи Анчелоти.

Познатиот тренер веќе гледа подалеку од натпреварот во Зеница.

„Она што е сигурно е дека Италија ќе се соочи со релативно лесна група на Светското првенство, каде што Швајцарија е единствениот суштински силен противник.“

Анчелоти, исто така, го издвои оној кого го смета за фаворит во сенка или, како што велат Англичаните, „темниот коњ“ на претстојното првенство.

„Норвешка, која се проби низ групата во која беше Италија. Тие се способни да предизвикаат проблеми за секого. Тие сега се зрел тим и имаат многу повеќе од само Ерлинг Халанд“, нагласи Карло Анчелоти.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...

Реал Мадрид бара пари од шест англиски гиганти за пропаднатата Суперлига

Реал Мадрид има намера да собере дел од трошоците...

Алегри разговарал со Де Лаурентис: Зборовите не значат ништо, ни требаат резултати

Тренерот на Наполи, Масимилијано Алегри, потврди дека разговарал со...

Фјури го пофали Дубоа па го предупреди Џошуа: Истото те очекува и на 11 декември

Тајсон Фјури ја искористи победата на Даниел Дубоа над...