Баерн ја потврди повредата на Дејвис, неговото учество на Светското е под знак прашалник

Баерн Минхен официјално потврди дека левиот бек Алфонсо Дејвис се повредил и ќе отсуствува од теренот некое време. Повредата на канадскиот интернационалец ја потврди и тренерот на Баерн, Винсент Компани, на својата прес-конференција претходно денес

Прегледи:

Датум:

Баерн Минхен официјално потврди дека левиот бек Алфонсо Дејвис се повредил и ќе отсуствува од теренот некое време. Повредата на канадскиот интернационалец ја потврди и тренерот на Баерн, Винсент Компани, на својата прес-конференција претходно денес.

Според „Билд“, сезоната за Дејвис сигурно може да се смета за завршена, бидејќи тој сигурно нема да игра во последните два натпревари на Баварците во Бундеслигата – гостувањето против Волфсбург и домашниот натпревар против Келн, како и во финалето на Купот на Германија на 23 мај против Штутгарт. Според изданието, учеството на Дејвис на Светското првенство во 2026 година е, исто така, под знак прашалник.

„Алфонсо Дејвис заработи повреда на мускулот на задниот дел од левата бутина за време на реваншот од полуфиналето на Лигата на шампионите против Пари Сен Жермен во средата. Ова беше потврдено по прегледот од страна на медицинскиот тим на Баерн. Канадскиот интернационалец ќе биде надвор од теренот неколку недели“, напишаа баварските гиганти.

Самиот Дејвис се опоравуваше од сериозна повреда здобиена во март минатата година на натпревар за својата репрезентација и пропушти значаен дел од тековната сезона. Неговото евентуално отсуство од Светското првенство би бил голем удар за Канада.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

📸 Дончиќ закупи цела страна во весник, им вети на навивачите на Лејкерс дека ќе се борат за титулата

Лука Дончиќ закупи цела страница во „Лос Анџелес Тајмс“...

🎬 Баерн и Арсенал ги поделија бодовите во дербито во Минхен, прекината победничката серија на „топџиите“ 

Баерн Минхен и Арсенал ремизираа 2-2 во возбудлив натпревар...

Милан ја поддржа одлуката за бојкот на навивачите

Милан ја поддржа одлуката на навивачите да го бојкотираат...

Роналдо испрати порака до Кварацхелија: Најдоброто допрва доаѓа

Повредата на Хвича Кварацхелија против Барселона нанесе тежок удар...