Браим Дијаз официјално го обнови договорот со Реал Мадрид до летото 2031 година. Претходниот договор на Мароканецот истече во 2027 година.
Браим пристигна во Мадрид во 2019 година од Манчестер Сити, кога имаше 19 години. Во тоа време, кралскиот клуб плати 15 милиони фунти за него со бонуси. Во досегашните шест сезони (Дијаз помина и три години на позајмица во Милан – н.з.) одигра 173 натпревари и освои 7 трофеи: еден во Лигата на шампионите, еден во Светското клупско првенство, еден Суперкуп на Европа, две титули во лигата и два Суперкупа на Шпанија.
Дијаз е најновиот играч во кралскиот клуб што го обнови договорот од летото. Винисиус Жуниор беше првиот што го стори тоа во август, а во деновите потоа му се придружија Арда Ѓулер, Аурелиен Чуамени и Тибо Куртоа.
Од почетокот на оваа сезона, Мароканецот има десет настапи за Реал и четири асистенции.
✍️🤍⚽
@Brahim https://t.co/gtzQkQUcCV— Real Madrid C.F. 🇬🇧🇺🇸 (@realmadriden) November 27, 2026


