Берокал: Мора да ја почитуваме кошарката и нејзините едноставни правила

Селекторот на кошаркарската репрезентација на Македонија, Жозеп Марија Берокал, не го криеше разочарувањето по поразот од Кипар (75:85)

Прегледи:

Датум:

Селекторот на кошаркарската репрезентација на Македонија, Жозеп Марија Берокал, не го криеше разочарувањето по поразот од Кипар (75:85). Шпанскиот стратег посочи на големиот пад во играта во последната четвртина, зголемениот број грешки и непочитувањето на основните кошаркарски принципи како клучни причини за негативниот резултат. Сепак, повика на заедништво, извлекување поуки и подготовка за февруарскиот прозорец, во кој Македонија ќе има уште две можности да ја оствари целта.

„Мечот го започнавме на неочекуван начин. Имавме израмнети четвртини, одбраната се подобри во третиот период, но во последните десет минути покажавме една друга игра. Се зголемија грешките, промашувавме, но мора да научиме од овој пораз, да бидеме заедно. Овој меч не беше како што го посакувавме, но во февруари имаме уште две шанси да си ја завршиме задачата“, истакна Берокал, цитиран од КФСМ.

Селекторот особено го потенцираше непочитувањето на основните кошаркарски правила, кои според него мора да бидат присутни без оглед на противникот и важноста на натпреварот.

„Мора да ги почитуваме сите репрезентации и да ја почитуваме кошарката. Едноставните правила од кошарката. Денес не го правевме тоа, не почитувавме да вадиме топка надвор, играта еден на еден, да не губиме топки, протокот на топка… А Кипар одигра добар меч. Тажен сум, но ќе мислиме на следниот прозорец и мечевите кои ни следат“, објасни селекторот.

Берокал направи разлика меѓу промашените шутеви, кои се составен дел од играта, и грешките што се резултат на недоволна концентрација и контрола врз сопствените постапки.

„Да промашиш шутеви можам да разберам, но другите нешта кои се во твои раце и не ги контролираш, тоа не го разбирам. Шутот за три можеби е и клучен на крајот, но готово е сега. Мора да останеме оптимисти, да размислуваме за натпреварите и да се подготвиме за она што ни следи“, порача Берокал.

Македонија го завршува овој ноемвриски прозорец со победа над Австрија и пораз од Кипар. Следниот предизвик е февруарскиот циклус, во кој националниот тим ќе мора да покаже поинакво лице и да ја продолжи борбата за пласман на Евробаскетот 2029.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Симеоне инсистира на засилувања во јануари

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, стравува дека неговиот...

Антонели најбрз на денешните тренинзи во Катар

Откако беше најбрз на првата слободна тренинг сесија пред...

Јунајтед ја активираше опцијата за продолжување на договорот на Фернандеш

Манчестер Јунајтед и капитенот Бруно Фернандеш го продолжија договорот...

Нема крај за проблемите на Мусијала и Баерн – нова повреда за талентот

Фудбалерот од средниот ред на Баерн, Џамал ​​Мусијала, претрпе...