Челси и Хул ремизираа на „Стамфорд Бриџ“, Ливерпул киксираше против Фулам

Хул двапати го шокираше Челси, но домаќините успеаја да стигнат до 2:2

Прегледи:

Датум:

Фудбалерите на Челси и на Хул ги поделија бодовите на „Стамфорд Бриџ“ во 4. коло од Премиер лигата, одиграјќи нерешено со резултат 2:2.

Натпреварот одлично почна за Челси, кој поведе уште во седмата минута со голот на Роџерс по асистенцијата на Жоао Педро. Сепак, избраниците на нашиот Сергеј Јакировиќ успеаја до заминувањето на одморот да го свртат резултатот.

Двата погодока ги постигна расположениот Белуми. Првпат ја затресе мрежата во 28. минута на асистенција на Џајлс, а вториот во 34. минута по додавањето на Мекберни. Воедно, 2:1 за Хул беше резултатот од првото полувреме.

Челси успеа во 66. минута да дојде до израмнување. Палмер одлично проби по левата страна и упати добар центаршут, а на вистинското место беше одличниот Жоао Педро, кој погоди за 2:2. Фаворизираните домаќини до крајот на натпреварот целосно ја презедоа контролата врз топката и имаа иницијатива, а и покрај добрите шанси на двете страни, погодоци повеќе немаше, па остана конечните 2:2.

Хул е непоразен по четири кола и се наоѓа на третото место на табелата во Премиер лигата со осум освоени бода, додека Челси е на петтата позиција со бод помалку. Во следното коло Челси гостува кај Брентфорд, а Хул ќе му гостува на Њукасл.

Од останатите натпревари од денешниот ден вреди да се издвои киксерот на Ливерпул на својот „Енфилд“, бидејќи против Фулам одиграа нерешено без погодоци.

Резултати:

Астон Вила – Нотингем Форест 1:2
Борнмут – Брентфорд 2:2
Челси – Хул 2:2
Кристал Палас – Ипсвич 2:3
Ливерпул – Фулам 0:0
Тотенхем – Евертон 0:0
Сандерленд – Арсенал 0:2

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

🎥Серија А: Милан им приреди шок на навивачите, Интер славеше со автоголови

Болоња го победи Милан на Сан Сиро со 4-2...

🎬Сити го елиминира Брајтон по пенали и го продолжи патот кон одбрана на трофејот во Лига Купот

Актуелниот шампион Манчестер Сити се пласираше во четвртфиналето на...

📽️ Евролига: АСВЕЛ по пресврт до победа против Партизан, Жалгирис славеше во Болоња

Партизан загуби од АСВЕЛ во осмото коло од Евролигата...

Роналдо ја освои наградата „Златна топка на сите времиња“

Два дена по блескавата церемонија за доделување на „Златната...