Четири од четири за Македонија и 0:10 гол-разлика во Лигата на нациите

Македонија доживеа нов пораз во Лигата на нациите, повторно од Швајцарија, овој пат на гости со 3-0 во четврто коло од Б-дивизијата Група 1

Прегледи:

Датум:

Македонија доживеа нов пораз во Лигата на нациите, повторно од Швајцарија, овој пат на гости со 3-0 во четврто коло од Б-дивизијата Група 1.

Македонија сега има четири порази по четири кола и ѝ е потребно вистинско чудо за да избегне враќање во Лигата Ц следната сезона.

За тоа се погрижија Рајдер во 43-тата минута, Манзамби во 74-тата и Ндој во 81-вата минута од натпреварот.

Словенија ја победи Шкотска по голем пресврт во вториот натпревар од Групата 1 со резултат од 2-1.

Со тоа, Словенците направија голем чекор кон потенцијален пласман во Лигата А, бидејќи ги престигнаа Шкотланѓаните и се искачија на второто место на табелата во Група 1.

Не изгледаше дека ќе биде така, бидејќи Шкотска поведе со голот на Кристи во 31-вата минута и со тој резултат отиде на полувреме.

Сепак, имаше голем пресврт по головите на Матко во 57-та минута и на Штурм во 71-та минута за 2:1 што се покажа и како конечен резултат.

Standings provided by Sofascore

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Хрватска одлично одигра против Шпанија, но на крајот доживеа пораз

Само три дена по историскиот дебакл против Англија (7:0),...

Осум натпревари се доволни: Македонија веќе не смее да чека Седлоски да проработи

Серијата на Гоце Седлоски повеќе не може да се...

Ираклис го пријави МЗТ поради транспарент со картата на Голема Македонија

Навивачите на МЗТ Скопје кренаа транспарент со картата на...

МЗТ поразен од Ираклис на стартот од ФИБА Европа купот

МЗТ Скопје Аеродром загубија во пресметката на домашен терен...