Ираклис го пријави МЗТ поради транспарент со картата на Голема Македонија

Навивачите на МЗТ Скопје кренаа транспарент со картата на Голема Македонија за време на натпреварот против Ираклис за ФИБА Европа Купот

Прегледи:

Датум:

Навивачите на МЗТ Скопје кренаа транспарент со картата на Голема Македонија за време на натпреварот против Ираклис за ФИБА Европа Купот.

Тој стоеше веднаш зад клупата на грчкиот тим на кој пишуваше: „Името твое свето ќе го браниме пред светот“.

Слоганот беше придружен со мапа на која се прикажани граници што се протегаат сè до Халкидики.

Од своја страна, грчкиот тим веднаш поднесе официјална жалба, а амбасадата во Скопје, според медиумите кај нашиот сосед, била информирана за ова прашање.

„Уште од самиот почеток и пред натпреварот, КАЕ Ираклис официјално се пожали на бугарската комесарка на натпреварот, Елеонора Рангелова, постоењето на транспарент со националистичка содржина што скопјаните го поставија на една од централните трибини на стадионот, барајќи да се отстрани. Грчката амбасада во Македонија беше исто така информирана за ова“, пишуваат медиумите во Грција.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

📽️ Леброн (41) со прв „трипл-дабл“ во дресот на Филаделфија

Леброн Џејмс го забележа својот прв „трипл-дабл“ со Филаделфија...

Христов: Нема да се откажеме од ниту едно дете кое има квалитет и потенцијал да игра за Македонија

Техничкиот директор на младинските национални тимови, Ѓорги Христов, на...

Седлоски веќе не е селектор на Македонија

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) денеска му се заблагодари...