Дефанзивата, агресивноста и пристапот во играта ќе бидат клучни за позитивен резултат против Швајцарија, вели младиот Џеков

Младиот фудбалер Ѓорге Џеков за првпат е дел од сениорската репрезентација и со голема мотивација го очекува своето деби во националниот тим.

Прегледи:

Датум:

Младиот фудбалер Ѓорге Џеков за првпат е дел од сениорската репрезентација и со голема мотивација го очекува своето деби во националниот тим.

Македонската А репрезентација во сабота, 26 септември, на домашен терен го отвора новиот циклус во Лига Б против Швајцарија. По дуелот во Скопје, избраниците на Гоце Седлоски ги очекуваат уште три натпревари во краток временски период, гостувањето кај Словенија на 29 септември, домашниот дуел со Шкотска на 3 октомври и вториот натпревар против Швајцарија, на 6 октомври во Луцерн.

„Чест и задоволство ми е што првпат сум дел од нашата А репрезентација. Знаеме со каков противник ќе се соочиме во сабота. Швајцарија е одлична репрезентација, четвртфиналист на Светското првенство, со многу квалитетни играчи“, вели Џеков.

Џеков очекува тежок натпревар, но верува дека со максимален ангажман и дисциплинирана игра може да се стигне до позитивен резултат.

„На нас е да ги исполниме очекувањата на стручниот штаб и да го дадеме максимумот на теренот. Според мене, клучни ќе бидат дефанзивата, агресивноста и пристапот во играта, за да оствариме позитивен резултат против Швајцарија, но и против останатите селекции“, истакнува Џеков.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Вардар за однесувањето на навивачите: Играњето во ракометната елита носи и одговорност

„Атмосферата на натпреварот против Нант беше наш вистински сојузник...

Нема да застанам додека не освоиме титула, изјави Дончиќ

Лука Дончиќ имаше важна порака за навивачите на Лос...

Кејн има необичен план: Од фудбал директно во НФЛ

Капитенот на Англија, Хари Кејн, изјави дека сериозно размислува...

„Бернабеу“ му сврте грб на Винисиус: 93% од навивачите на Реал сакаат Диоманде да биде стартер

Само пред две години, Килијан Мбапе сè уште играше...