Драма до последната секунда: Македонија У19 ја победи Малта со гол во 92. минута!

Македонската репрезентација до 19 години со победа го заврши настапот на квалификацискиот турнир за Европското првенство 2027. Во последното коло, на стадионот „Кукуш“ во Турново, избраниците на Димитар Капинковски ја совладаа Малта со 3:2, во натпревар со драматичен расплет и гол во последните моменти.

Прегледи:

Датум:

Македонската репрезентација до 19 години со победа го заврши настапот на квалификацискиот турнир за Европското првенство 2027. Во последното коло, на стадионот „Кукуш“ во Турново, избраниците на Димитар Капинковски ја совладаа Малта со 3:2, во натпревар со драматичен расплет и гол во последните моменти.

Македонија прва го отвори резултатот преку Филип Цветковски, кој во 32. минута донесе предност од 1:0. Со тој резултат се замина на пауза, но Малта во второто полувреме успеа да се врати во натпреварот. Зиас Вела Њуел во 76. минута израмни на 1:1.

Нашите фудбалери не дозволија противникот долго да се радува. Само пет минути подоцна, Јаков Стојковски повторно ја донесе Македонија во водство. Сепак, завршницата донесе нов пресврт во расположението на теренот. Дензел Атард во 89. минута погоди за 2:2 и се чинеше дека македонските надежи ќе останат без посакуваната победа.

Но, последниот збор го имаше Габриел Талески. Во 92. минута тој ја затресе мрежата на Малта и го постави конечниот резултат од 3:2, носејќи им на македонските фудбалери три бода во последниот настап на турнирот.

Со овој триумф Македонија го заврши квалификацискиот циклус со четири освоени бода. Претходно одигра 0:0 со Северна Ирска, а загуби минимално од Швајцарија со 0:1. Швајцарците го освоија првото место со максимални девет бода, додека Македонија и Северна Ирска завршија со по четири, а Малта остана без бодови.

Победата над Малта е добар начин за затворање на турнирот, но не ја менува главната слика: Македонија не успеа да го освои првото место во групата, кое беше потребно за премин во Лига А и продолжување на борбата за пласман на Европското првенство. Сепак, драматичниот триумф и начинот на кој беше изборен можат да бидат позитивен поттик за младите репрезентативци во продолжението на нивниот развој.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

🎥Руни ја шокираше јавноста со исповед: Размислував за самоубиство, сопругата ме спаси

Најдобриот стрелец на сите времиња на Манчестер Јунајтед, Вејн...

Еклстоун го критикува Фредерик Васер за проблемите во Ферари

Поранешниот шеф на Формула 1, Берни Еклстоун, изјави дека...

Овен скептичен во врска со назначувањето на Покетино

Поранешниот напаѓач на Манчестер Јунајтед и Англија, Мајкл Овен,...

Јувентус сака да ги искористи проблемите на Манчестер Јунајтед и да го привлече Шешко

Јувентус покрена прашање за можноста да го доведе Бенџамин...