Милош Валах и во наредната сезона ќе ги брани боите на РК Вардар!
Голманот потпиша нов договор и тој ќе биде член на „црвено-црните“ најмалку до 2028-ма година.
„Валах дојде од екипата на Киелце и веќе две години бележи одлични настапи со што се наметна како прв голман во екипата, и репрезентативец на својата земја“, стои во соопштението на скопскиот тим.


