Елези пред Швајцарија: Владее добра атмосфера, сега само тоа треба да го пренесеме на теренот

Репрезентативецот на Македонија и член на Сараево, Агон Елези, пред дуелите на нашата селекција со Швајцарија, Словенија и Шкотска во Лигата на нациите, изјави дека фокусот на репрезентацијата во овој момент е целосно насочен кон Швајцарија

Прегледи:

Датум:

Репрезентативецот на Македонија и член на Сараево, Агон Елези, пред дуелите на нашата селекција со Швајцарија, Словенија и Шкотска во Лигата на нациите, изјави дека фокусот на репрезентацијата во овој момент е целосно насочен кон Швајцарија.

„Не очекуваат четири многу тешки натпревари, но моментално за нас постои само еден, тој во сабота против Швајцарија. Сите ги знаеме нивните квалитети и ние мораме да се фокусираме само на себе, да не правиме грешки, затоа што секоја наша грешка може многу да не чини.

Швајцарија покажа на Мундијалот дека е во сериозна форма и дека има сериозни квалитети во секој поединец. но, ние треба да се фокусираме на себе и да имаме доверба дека можеме да направиме позитивен резултат. така и ќе влеземе во натпреварот. Најбитно на претходните натпревари беше да се запознаеме со новиот стручен штаб, со новите играчи и со новите идеи. Сметам дека ни донесоа многу и дека научивме многу.

Најважно беше да направиме добра атмосфера меѓу нас, меѓу играчите, а тоа и се покажа. Сите сме во добра атмосфера, имаме добра кохезија и сега само тоа треба да го пренесеме на теренот, почнувајќи од сабота.“, истакна тој, цитиран од ФФМ.

Првиот предизвик за избраниците на Гоце Седлоски е дуелот со Швајцарија на 26 септември во Скопје, по што следуваат гостувањето кај Словенија на 29 септември, гостувањето кај Швајцарија на 6 октомври во Луцерн и натпреварот против Шкотска на 3 октомври во Скопје.

Натпреварот Македонија – Швајцарија се игра со почеток во 20:45 часот на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Претседателот на Комо најавува напад на врвот: Сакаме да бидеме како Барселона

Претседателот на Комо, Мирван Суварсо, изјави дека клубот сака...

Де Јонг се враќа во Холандија, Чави го објави составот за Лигата на нации

Селекторот на фудбалската репрезентација на Холандија, Чави Ернандез, го...

Тухел објасни зошто го повикал помладиот Белингам

Менаџерот на Англија, Томас Тухел, ја објасни својата одлука...

Де ла Фуенте го објави составот: Три нови лица за клучните натпревари од Лигата на нациите

Селекторот на шпанската фудбалска репрезентација Луис де ла Фуенте...