Фабрегас: Би се вратил во Премиер лигата, тоа е најдобрата лига во светот

Тренерот на Комо, Сеск Фабрегас, кој се поврзува со менаџерската позиција во Челси, не крие дека во одреден момент од својата кариера би сакал да се врати во Премиер лигата, предводејќи тим од англиската елита

Прегледи:

Датум:

Тренерот на Комо, Сеск Фабрегас, кој се поврзува со менаџерската позиција во Челси, не крие дека во одреден момент од својата кариера би сакал да се врати во Премиер лигата, предводејќи тим од англиската елита. Според Шпанецот, тоа е најсилното првенство во светот. Сепак, Фабрегас, кој помина 12 и пол години во Англија како фудбалер, нагласи дека ова би можело да се случи по долго време.

„Премиер лигата е најдобрата лига во светот. Секогаш сум бил многу, многу јасен во врска со тоа. Го чувствував тоа како играч, го чувствувам тоа како тренер и како навивач. Се сеќавам дека Жозе Мурињо ми рече еднаш кога бев во Челси дека може да работи уште 30 години. Значи, би можел да бидам тука во Комо уште 10 години, а потоа сè уште да имам шанса да одам во Премиер лигата за 12-15 години. Фудбалот е толку непредвидлив, се менува во секунда. Еден ден си најдобар. Следниот ден си најлош. Затоа, ајде да уживаме во моментот. Сакам да уживам во моментот. Прекрасно е она што го доживуваме овде. Да видиме што ни носи иднината“, рече Фабрегас во интервју за „Дејли Телеграф“.

Поранешниот играч од средниот ред фрли светлина врз нешто важно што моментално го има во Комо, но што тешко дека би го имал ако почнеше да работи во Челси.

„Јас ги носам сите фудбалски одлуки. Спортскиот директор е со мене секој ден и го гледаме фудбалот на ист начин. Трансфери? Работиме со податоци, имаме скаути и други работи, но тоа мора да биде нешто во што верувам. Мора да биде играч во кој сум убеден. Многу сум среќен што имаме претседател кој има целосна доверба во мене и ми даде самодоверба да ги носам сите фудбалски одлуки. Тоа е навистина важно за мене.“, додаде легендарниот шпански репрезентативец.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Мурињо испрати јасна порака до ѕвездите на Реал Мадрид: Само грбот на клубот е недопирлив

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, јасно стави до...

Хапоел има огромен буџет: Дури 70 милиони евра по сезона

Сопственикот на Хапоел Тел Авив, Офер Јанаи, откри дека...

📸 Најавена целосна реконструкција на спортската сала „Македонија“ во Прилеп

Спортската сала „Македонија“ во Прилеп ќе добие целосна реконструкција....

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...