Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Аргентинецот Лионел Меси, минува низ најтешкиот период од својот живот, откако почина неговиот татко Хорхе, кој беше тешко болен додека тој настапуваше на Светското првенство.
Но, покрај оваа семејна трагедија и загубата на неговиот татко и човекот кој ризикуваше сè и реши да се пресели со 13-годишниот Лионел во Барселона, што го промени текот на фудбалската историја, Меси дозна и вознемирувачки вести дека негово убиство било планирано за време на Светското првенство.
ФБИ и Меѓународниот центар за полициска соработка IPCC евидентирале неколку смртни закани кон аргентинскиот капитен.
Една од најсериозните била пред натпреварот на Аргентина против Јордан. Еден човек, според документот, контактирал со аеродромот во Далас и тврдел дека тој, заедно со уште две лица, ќе го нападне стадионот со импровизирани експлозивни направи и пушка AR-15. Полициски службеници и играчи од двата тима беа споменати како цели, а Меси беше посебно издвоен.
Уште посериозна закана се појави пред натпреварот Аргентина-Египет. Едно лице наводно објавило порака на социјалните мрежи тврдејќи дека ќе влезе на стадионот во Атланта и ќе го убие Меси со експлозив што ќе го носи со себе. Ова предизвикало масовна безбедносна проверка на стадионот.
За време на истиот натпревар, полицијата добила уште една дојава дека три бомби биле поставени во канти за отпадоци на трибините. Експерти за експлозиви и кучиња трагачи го пребарале стадионот, но ништо не беше пронајдено и заканата на крајот беше прогласена за лажна, откриваат документите на ФБИ.


