Повратникот Брегалница со убедлива победа над Арсими

Повратникот во елитното фудбалско друштво во Македонија, Брегалница Штип ја оствари првата победа во новата сезона откако на свој терен вчера ја совлада екипата на Арсими со убедливи 4-0. Пред своја публика штипскиот тим низ целосна доминација успеа да стигне до посакуваните три бода.

Прегледи:

Датум:

Повратникот во елитното фудбалско друштво во Македонија, Брегалница Штип ја оствари првата победа во новата сезона откако на свој терен вчера ја совлада екипата на Арсими со убедливи 4-0. Пред своја публика штипскиот тим низ целосна доминација успеа да стигне до посакуваните три бода.

Мартин Стојанов уште во 10. минута донесе предност за домашниот тим. Од левата страна центрираше Максимов, и Стојанов од прва го совлада Сиљановски за предност на Брегалница.

Токму асистентот Максимов, во 28. минута се запиша во листата на стрелците. Убаво го зафати центаршутот од десната страна, и со глава успеа да ја смести топката во долниот лев агол за предност од два гола.

Во второто полувреме продолжи доминацијата на Брегалница, која беше крунисана со гол на Мартин Стојанов.

Арсими после третиот примен гол ја презеде иницијативата, но сите нивни обиди беа неутрализирани од страна на домашните играчи.

Тасев во 86. минута успеа да постигне четврти гол за Брегалница по асистенција на Лука Георгиев, за конечни 4-0 од овој меч.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Историски дрес на Џордан продаден за неверојатни 12,26 милиони долари

Дресот што го носеше Мајкл Џордан за време на...

📷 Халанд тужи авиокомпанија поради фотографија

Ерлинг Халанд ја тужи Norwegian Air Shuttle за наводно...

Чави: Не треба да се плашиме од Грција, но треба да ја почитуваме

Селекторот на холандската репрезентација, Чави Ернандез, нагласи дека неговиот...

Барселона ги пушти билетите во продажба за „Ел Класико“, навивачите шокирани од цените

Барселона почна да продава билети за „Ел Класико“ против...