Хјулманд заминува на крајот од сезоната, Фелипе Луис мета на Леверкузен

Каспер Хјулманд веројатно ќе го напушти Баер Леверкузен на крајот од сезоната, објавуваат германските медиуми. Поранешниот селектор на Данска ги презеде „фармацевтите“ на почетокот на септември, но речиси сигурно нема да може да избори место во Лигата на шампионите со нив

Прегледи:

Датум:

Каспер Хјулманд веројатно ќе го напушти Баер Леверкузен на крајот од сезоната, објавуваат германските медиуми. Поранешниот селектор на Данска ги презеде „фармацевтите“ на почетокот на септември, но речиси сигурно нема да може да избори место во Лигата на шампионите со нив.

Ова беше јасно по поразот во претпоследното коло од Бундеслигата против директниот ривал Штутгарт, па челниците на клубот решија да направат промена.

Германски „Скај“ пишува дека Данецот нема да добие нов договор, а како главен кандидат за негов наследник го наведува бразилскиот тренер Фелипе Луис.

Тој го освои Копа Либертадорес со Фламенго. Покрај него, Баер го таргетира и тренерот на Жирона, Мичел.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Мурињо испрати јасна порака до ѕвездите на Реал Мадрид: Само грбот на клубот е недопирлив

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, јасно стави до...

Хапоел има огромен буџет: Дури 70 милиони евра по сезона

Сопственикот на Хапоел Тел Авив, Офер Јанаи, откри дека...

📸 Најавена целосна реконструкција на спортската сала „Македонија“ во Прилеп

Спортската сала „Македонија“ во Прилеп ќе добие целосна реконструкција....

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...