Катастрофа за Реал Мадрид: Куртоа ќе ги пропушти двата натпревари со Баерн, го чека долга пауза

Реал Мадрид денес доби катастрофални вести, откако нивниот голман Тибо Куртоа ќе биде на долга пауза поради повреда

Прегледи:

Датум:

Реал Мадрид денес доби катастрофални вести, откако нивниот голман Тибо Куртоа ќе биде на долга пауза поради повреда.

Куртоа се повреди на осминафиналниот натпревар од Лигата на шампионите помеѓу Реал и Манчестер Сити, кога го напушти натпреварот на полувремето.

Денес беа потврдени најлошите стравувања на „кралевите“, бидејќи Куртоа ќе биде надвор од теренот шест недели, што значи дека ќе ги пропушти двата натпревари против Баерн во четвртфиналето на Лигата на шампионите.

Повредата е истегнување на квадрицепсниот мускул.

Покрај двата натпревари со Баерн, Куртоа ќе ги пропушти и натпреварите од Ла Лига против Атлетико Мадрид, Мајорка, Жирона, Алавес и Бетис.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Мурињо испрати јасна порака до ѕвездите на Реал Мадрид: Само грбот на клубот е недопирлив

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, јасно стави до...

Хапоел има огромен буџет: Дури 70 милиони евра по сезона

Сопственикот на Хапоел Тел Авив, Офер Јанаи, откри дека...

📸 Најавена целосна реконструкција на спортската сала „Македонија“ во Прилеп

Спортската сала „Македонија“ во Прилеп ќе добие целосна реконструкција....

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...