Линекер има предлог за Сити и „спасување на Премиер лигата“

Поранешниот англиски репрезентативец Гари Линекер верува дека Манчестер Сити треба да признае дека ги прекршил финансиските прописи и да прифати казна, со цел да го зачува угледот на клубот и Премиер лигата

Прегледи:

Датум:

Поранешниот англиски репрезентативец Гари Линекер верува дека Манчестер Сити треба да признае дека ги прекршил финансиските прописи и да прифати казна, со цел да го зачува угледот на клубот и Премиер лигата.

Сити се соочува со обвиненија за прекршувања на финансиските правила помеѓу 2009 и 2018 година. Клубот ги негира обвиненијата и се обидува да докаже дека не ги прекршил правилата.

Линекер, сега спортски коментатор, верува дека признавањето на грешката и прифаќањето на евентуални санкции би било најдоброто решение за завршување на случајот.

„Оваа ситуација секако изгледа лошо за Сити и лошо за фудбалот. Би сакал Манчестер да излезе и да каже: „Да, направивме грешка. За доброто на играта и Премиер лигата, ќе ја прифатиме секоја казна што ќе ни биде досудена и ќе продолжиме понатаму“, рече Линекер.

Според него, таков потег би можел да помогне во зачувувањето на угледот на англиското првенство, но тој верува дека е малку веројатно клубот да одлучи да преземе таков чекор.

„Мислам дека тоа би било добро и дека до одреден степен би го спасило нивниот углед и честа што ја има лигата. Сепак, тоа изгледа малку веројатно. Разочарувачки е, ми е жал за играчите и нивните навивачи“, додаде поранешниот напаѓач на Англија.

Линекер, исто така, зборуваше за можноста на Манчестер Сити да му бидат одземени титулите освоени во периодот опфатен со обвинувањата.

„Не би ме изненадило ако тоа се случи. Но, повторно, кој на крајот најмногу страда од овие санкции? Играчите и навивачите“, заклучи Линекер.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Надал: „Болката исчезна, уживам во животот и повторно ќе играм“

Рафаел Надал потврди на егзибицискиот турнир, во друштво на...

Венгер се вклучува во трката за ФИФА?

Поранешниот менаџер на Арсенал, Арсен Венгер, би можел да...

Стрикленд повторно го нападна UFC

Шон Стрикленд повторно го ескалираше својот конфликт со UFC...

Маркез ја искористи кошмарната трка на Априлија за да победи на спринтот на „Мандалика“

Марк Маркез го освои својот втор последователен спринт и...